Бизнис лига: УНИКА со пресврт до победата над Халк Банка

by riste
4 минути читање

УНИКА 7-5(3-4) Халк Банка

УНИКА: Арбен Нухиу 26’ Аднан Лимани 20’ 33’ Рони Адеми 9’ 11’ 28’

Халк Банка: Марјан Атанасовски 13’ Дарко Крстевски 19’ Влатко Блажевски 7’ 37’ Мартин Дамевски 11’

Екипите на УНИКА и Халк Банка го отворија дванаесеттото коло до Бизнис Лигата, двете екипи во овој натпревар влегоа силно мотивирани и со отворена игра често се закануваа кон противничкиот гол. Екипата на УНИКА прва ја превзема иницијативата користејќи голман играч од самиот старт на натпреварот успеваше да створи вишок во нападот, оваа тактика се покажа како погрешна бидејќи Халк Банка успеа да искористи празнина во одбраната на противникот и во 7та минута успеа да поведе со 0-1 со погодокот на Блажевски. Екипата на УНИКА во 9та минута од полувремето успеа да возврати и преку Адеми да го израмни резултатот на 1-1. До крајот на полувремето екипата на Халк Банка одлично ја постави играта и успеа да ги искористи сите грешки кај противникот па успеа да створи предност и на полувремето да замине со позитива од 3-4. Во второто полувреме екипата на УНИКА успеа да дојде до израмнување па потоа и до целосен резултатски пресврт, ова ја примора екипата на Халк Банка да притиска во предно поле но екипата на УНИКА одлично ја постави играта во одбраната и не дозволи на противникот резултатски да се врати во натпреварот. До крајот на натпреварот екипата на УНИКА успеваше да одржи предност од два погодоци и на крајот да слави со 7-5.

Атлантик Груп со одлично второто полувреме до победа над Аџибадем Систина

Аџибадем Систина 6-9(4-4) Атлантик Груп

Аџибадем Систина: Кристијан Димковски 1’ 4’ 11’ Дамјан Јовчевски 30’ Филип Наковски 8’ 39’

Атлантик Груп: Мирослав Тодоровски 3’ Далибор Тасевски 13’ 25’ 36’ 40’ Благојче Јовчевски 23’ Благојче Стојановски 5’ 20’ 40’

Одличен почеток за екипата на Аџибадем Систина во дуелот со Атлантик Груп, тие на самиот старт на полувремето успеаа да го изненадат противникот и да поведат со 1-0 со погодокот на Димковски. Екипата на Атлантик Груп успеа брзо да возврати и со погодок во 3та минута на Тодоровски успеа да израмни на 1-1. Во продолжението на полувремето двете екипи играа гол за гол, екипата на Аџибадем Систина иако имаше предност екипата на Атлантик Груп не дозволи противникот резултатски да се одвои. До крајот на полувремето екипата на Атлантик Груп се почесто се закануваше кон голот на противникот и во последната минута од полувремето успеа да го израмни резултатот па на паузата се замина со резултат од 4-4. Во второто полувреме се продолжи со одлична игра екипата на Атлантик Груп успеа да дојде до целосен резултатски пресврт во 23та минута и да поведе, а само две минути подоцна и да зголеми на 4-6. Екипата на Аџибадем Систина често се закануваше кон голот на противникот и дојде до само гол негатива што ја направи завршницата на овој натпревар вистинска драма. Во ваквата драматична завршница екипата на Атлантик Груп успеа да ја сочува предноста и да слави со 6-9.

ТАВ со одлична реализација до победа над Нетцетера

Нетцетера 5-7(3-3) ТАВ

Нетцетера: Теодор Димитровски 10’ 18’ 37’ Кирил Костов 8’ 40’

ТАВ: Петар Мартиновски 31’ Тодорче Насковски 14’ Алексо Новески 6’28’ Мирослав Петровски 19’ Алмир Имери 24’ 37’

Екипата на ТАВ одлично го започна дуелот против екипата на Нетцетера од самиот старт на полувремето притиснаа во предно поле што им донесе предност во 6та минута со погодокот на Новески. Екипата на Нетцетера брзо одговори и до 10та минута со погодоците на Костов и Димитровски дојде до целосен резултатски пресврт. Во остатокот од полувремето двете екипи беа ефикасни но екипата на ТАВ успеа да повторно да направи дојде до реализација и на паузата да замине со изедначен резултат од 3-3. Во второто полувреме екипата на ТАВ продолжи со одлична игра и од минута во минута успеваше да ја зголемува резултатската предност. Екипата на Нетцетера започна со силен притисок кон голот на противникот но времето беше сојузник на екипата на ТАВ која успеа да слави со 5-7.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани