Битка за Омерагиќ: Го сакаат клубови од МЛС, Словачка, Уругвај…

by Стефан
1 минути читање

Вардар би можел да остане без еден од своите најдобри фудбалери во летниот преоден рок. Напаѓачот Азер Омерагиќ е на радарот на неколку странски клубови, а интерес за негов ангажман покажуваат екипи од САД, Кипар, Словачка и Уругвај.

Од таборот на „црвено-црните“ потврдуваат дека веќе имало почетни контакти, но засега на клупската адреса не е пристигната официјална понуда.

Во моментов постои сериозен интерес за Азер Омерагиќ. Имавме првични разговори со клубови од Кипар, МЛС-лигата, Словачка и Уругвај, но официјална понуда сè уште нема – изјави извршниот директор на Вардар, Миленко Неделковски.

Омерагиќ зад себе има одлична сезона во дресот на македонскиот шампион. На 37 натпревари постигна 16 голови и запиша осум асистенции, бројки кои не останаа незабележани и го привлекоа вниманието на клубови од странство.

Доколку некој од заинтересираните клубови испрати конкретна понуда, Вардар би можел да се соочи со заминување на еден од своите најважни офанзивни играчи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×