Биелса: Алиоски ми се допадна на прв поглед, знаев дека одлично ќе се сложувавме

by
1 минути читање

Марсело Биелса
пристигна во Лидс во 2018 година, успеа да ги врати „белите“ во Премиерлигата,
минатата сезона тие беа едно од пријатните изненадувања во елитата, со својот стил на игра ги освоија симпатиите, но оваа
сезона резултатите не беа по планот и стратегот доби отказ.

Сега беше
промовирана неговата книга во која меѓу другото Аргентинецот говори и за соработката
со Езгјан Алиоски.

„На лично ниво,
првиот играч со кого се сретнав кога започнав да работам беше Џани Алиоски, тој
дојде во тренинг центарот неколку дена пред стартот на подготовките за да се
поздрави со вработените во клубот. Веднаш ми се допадна и од првиот ден знаев
дека одлично ќе се сложуваме. Ме потсеќаше на еден пријател од детството“
– раскажува
Марсело Биелса.

„Неговиот весел
дух и како уживаше во животот влијаеше позитивно врз групата. Покрај тоа што сакаше
да биде џокерот во соблекувалната и да ги забавува соиграчите, морам да признам
дека се работи за извонредно интелигентна личност“.

„Зборуваше шест
јазика, одлично говореше германски и албански, и многу добро говореше на француски,
шпански, англиски и италијански. За кратко време почнавме да комуницираме на
италијански бидејќи е убав јазик кој двајцата го обожававме“.

„Кога сакав да
имаме провесионална конверзација пред натпревар, ќе почнев на француски, на тој
начин давав церемониален тон на дискусијата и веселиот лик на Џани веднаш ќе се
променеше и ќе станеше посериозен“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×