Без голови во Штип, Силекс бодовно се израмни со Шкендија

by
1 минути читање

Шкендија не го искористи ремито на Шкупи за да се доближи до второто место, тетовскиот тим одигра само реми без голови на гостувањето кај Брегалница.

Тој резултат му одговараше на Силекс кој со 4-1 ја совлада Победа и бодовно се израмни со Шкендија. Херој на кратовскиот тим беше Катаниќ кој постигна хет-трик, еден гол даде Милосављевиќ.

Македонија Ѓорче Петров со убедливи 3-0 славеше над Тиквеш. Воша, Мишевски и Скендери ги постигнаа погодоците.

Вчера Шкупи и Академија Пандев одиграа нерешено 3-3, Работнички со 4-0 го совлада Скопје. Струга ТЛ беше слободна ова коло.

Резултати:

Брегалница – Шкендија 0:0

Македонија ЃП – Тиквеш 3:0

Победа – Силекс 1:4

Шкупи – Академија Пандев 3:3

Работнички – Скопје 4:0

Струга ТЛ – слободна

ТАБЕЛА: Струга ТЛ 39, Шкупи 38, Шкендија 32, Силекс 32, Тиквеш 28, Брегалница 26, Работнички 24, Македонија ЃП 24, А. Пандев 16, Победа 13, Скопје 13.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани