Беса и Пелистер киксираа, Детонит и Охрид искористија

by
1 минути читање

Денеска се одигра 9. коло во ВМФЛ, Беса и Пелистер киксираа, Детонит и Охрид искористија.

Беса одигра 0-0 кај Скопје, но се задржа на лидерската позиција за разлика од Пелистер кој по ремито од 1-1 кај Арсими падна од втората дури на четвртата позиција.

Ваквите резултати ги искористија Детонит кој со 3-0 победи против Осогово на свој терен и Охрид кој со 3-1 славеше на гостувањето кај Новаци. Двата тима напредуваа на табелата.

Најмногу голови имаше во Каменица каде Беласица со 3-2 ја победи Саса, гостинска победа славеше и Башкими кај Караорман, немаше голови на натпреварите Вардар Неготино – Тетекс и Кожуф – Победа.

Втора лига 9. коло:

Скопје – Беса 0-0

Арсими – Пелистер 1-1

Детонит – Осогово 3-0

Новаци – Охрид 1-3

Каменица Саса – Беласица 2-3

Караорман – Башкими 1-2

Кожуф – Победа 0-0

Вардар Неготино – Тетекс 0-0

Табела: Беса 22, Детонит 19, Охрид 19, Пелистер 18…

×