Бернардо Силва очигледно сака само трансфер во Барса, обезбедил специјални услови за „каталонците“

by bojan
1 минути читање

Бернардо Силва, свесен за финансиските проблеми на Барселона, обезбедил специјални услови за „каталонците“ и можност неговиот трансфер да биде платен на три рати.

Бернардо Силва минатото лето стави потпис на нов договор, но како благодарност за се што има направено во дресот на Манчестер Сити, „граѓаните“ му дозволија да биде вметката откупна клаузула од само 50 милиони фунти (околу 58 милиони евра) и на тој начин полесно да се реализира трансфер кога Португалецот ќе изрази желба да замине.

Неколку клубови ја следат ситуацијата, но очигледно Португалецот на ум има само преселба во Барселона.

Последните информации велат дека Бернардо Силва обезбедил специјални услови само за клубот од Камп Ноу.

Свесен за финансиските проблеми на Барселона, тој се изборил за можност неговиот трансфер да биде платен на три рати.

Додека Чави беше на кормилото на „каталонците“, Бернардо Силва беше еден од неговите приоритети, па останува да се види дали и Ханси Флик ќе го мисли истото или Германецот ќе се насочи кон други трансфер цели.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани