Бензема, Меси и Мбапе во битка за титулата најдобар во светот

by
1 минути читање

На 27. февруари
во Цирих, ФИФА ќе ги одбира најдобрите во годината, а главниот фокус ќе биде на
најдобриот фудбалер во светот.

Светската куќа на
фудбалот вечерва ги откри имињата на тројцата финалисти, битката ќе се води
помеѓу Карим Бензема, Лео Меси и Килијан Мбапе.

За разлика од „Златната
топка“, ФИФА во предвид ќе го земе и мундијалот во Катар, па Лео Меси кој ја
предводеше Аргентина до големо славје, има силен адут.

Карим Бензема поради
повреда го пропушти Светското првенство, но Французинот може да се пофали со
триумф во Лигата на шампиони и титула во Ла Лига.

Се чини дека
Килијан Мбапе, кој се радуваше само на титула во Франција, е аутсајдер во оваа
конкуренција.

Кај дамите, трите
финалисти се Бет Мид од Арсенал, Алекс Морган од Орландо прајд и Алеша Путељас
од Барселона.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани