Белгија до 77. минута водеше во Франција, а потоа ѝ се случи потоп! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Франција на неверојатен начин, со убедливи 4-1 ја победи Белгија, Италија со 3-1 славеше над Турција во двата натпревари од Лига А во Лигата на нации.

Белгија поведе со гол на Лукебакио во 35. минута од натпреварот и водството долго го чуваа.

Се чинеше дека Франција е пред пораз, но во финишот се случи нешто неочекувано. Дуе влезе во игра и мечот доби поинаков тек.

Фудбалерот на ПСЖ погоди во 77. минута за израмнување на 1-1.

Четири минути подоцна по асистенција на Олисе, Черки даде гол за комплетен пресврт и водство на Франција од 2-1.

До крајот на мечот два гола даде Олисе по две асистенции на Дуе за конечна победа од 4-1.

Турција запиша уште еден пораз од Италија, овојпат на гостински терен. Италијанците победија со 3-1.

Скамака, Калафиори и Еспозито ги постигнаа головите за Италија, Шимшир погоди за Турција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×