Белененсес има 14 заразени со новиот сој на коронавирусот, Омикрон го „оцрни“ португалскиот фудбал

by
1 минути читање

Новиот
јужноафрикански сој на коронавирусот познат како „Омикрон“ им нанесе големи
главоболки на челниците на португалскиот фудбал откако изминатиов викенд истиот
беше оцрнет по сите случувања на мечот помеѓу Белененсес и Бенфика.

Претседателот на Белененсес плачеше поради срамната слика (ФОТО)

Домаќинот мораше
да игра со девет фудбалери против фаворитот, од кои двајца беа голмани, а на
полувремето остана со двајца играчи помалку поради повреди, со што мечот мораше
да биде прекинат, а првиот човек на Белененсес беше забележан со солзи на очите
по сите случувања.

Спортинг излезе со соопштение по повод мечот меѓу Белененсес и Бенфика: Ова е срам за португалскиот фудбал!

Денеска
португалските здравствени власти објавија дека кај дури 13 фудбалери на
Белененсес е детектиран новиот сој на ковид-19, „Омикрон“, а сето тоа откако
еден од фудбалерите се вратил од Јужна Африка.

Сите сме во
изолација, освен младите фудбалери кои немаа натпревар во саботата, вкупно 44
лица сме во изолација, благи симптоми чувствуваат до тројца играчи, исто толку
и членови на стручниот штаб, сега сме во исчекување на нови тестирања веднаш
штом дозволат здравствените власти
“ изјави првиот човек за односи со јавност на
Белененсес.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×