24фудбал

Срамни сцени во Португалија, Белененсес мораше да игра со девет фудбалери против Бенфика, двајца од нив беа голмани!

Поради проблеми со ковид, Белененсес на мечот со Бенфика мораше да излезе со девет фудбалери, меѓу кои двајца голмани, еден од нив играше како фудбалер од средниот ред.

Останато

Срамна епизода од фудбалот во Португалија, Белененсес се соочуваше со големи проблеми поради ковид-19, но не сакаа да им го одложат мечот против Бенфика.

Тие на теренот се појавија со само девет фудбалери, еден од резервните голмани играше како играч во средниот ред.


Бенфика во првото полувреме даде седум гола, имаше водство од 7-0.

Во вториот дел Белененсес излезе со седум фудбалери, двајца останаа во соблекувалната поради повреди. На почетокот од вториот дел се повреди уште еден нивни фудбалер по што мечот беше прекинат бидејќи еден тим мора да има најмалку седум играчи на теренот за натпреварот да се игра.

Претседателот на Белененсес беше забележан како плаче на полувремето поради сета таа срамна слика која се случуваше на теренот, не по нивна вина.