24фудбал

Спортинг излезе со соопштение по повод мечот меѓу Белененсес и Бенфика: Ова е срам за португалскиот фудбал!

Спортинг Лисабон со соопштние реагираше на случувањата на натпреварот меѓу Белененсес и Бенфика кој не го доживеа својот крај.

Останато

Тимот на Белененсес на теренот излезе со девет фудбалери против Бенфика откако не им беше дозволено да го одложат мечот. Останатите играчи беа во изолација поради ковид, па собраа само девет, од кои двајца голмани.

Во текот на мечот се повредија тројца, па на почетокот од второто полувреме Белененсес не можеше да собере седум фудбалер колку што е минимумот и натпреварот се прекина.

Светот овој меч го оцени како срамна епизода за португалскиот фудбал, а со соопштение се јави и Спортинг Лисабон.

„Спортинг Лисабон не може да остане нем на тоа што се случуваше вечерва на Естадио Национал. Оваа ситуација длабоко ги погоди оние кои ја бранат спортската вистина и заслужува внимание на највисоко национално ниво. Во светот веќе овој натпревар беше оценет како црна епизода во португалскиот фудбал. Португалскиот фудбал е сериозно повреден денеска. Тоа што се случи ќе има сериозни инпликации на првенството и регуларноста. Ситуацијата никој не смее да го остави индиферентен бидејќи португалскиот фудбал никогаш нема да биде сфаќан сериозно. Ова што се случи е срам за португалскиот фудбал“, се вели во дел од соопштението на Спортинг.