Екипата ќе ја предводи Васе Беќаров, стратег кој поседува ПРО-лиценца, беше селектор на македонската репрезентација до 17 години, а цели шест години го водеше гевгелиски Кожув.
„Чест, задоволство и голема обврска е да се биде шеф на стручниот штаб и да се води еден клуб со голема традиција и реноме како струмичка Беласица. Благодарност до управата за укажаната доверба и поддршка која ја добив. ФК Беласица заслужува прволигашски статус и ние заедно секојдневно ќе се бориме за тоа”, изјави Беќаров.
Беласица заврши на десетто место минатата сезона, но со млада екипа и со искусен стратег ќе се обиде да се замеша во борбата по Прва лига во 2023/24.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.