Беласица го избра тренерот со кој сака да се пласира во Прва лига!

by Стефан
1 минути читање

Беласица го избра наследникот на Панче Стојанов и во новата сезона тимот од Струмица ќе биде предводен од Мартин Алаѓозовски.

За младиот стратег ова ќе биде втор ангажман како главен тренер во неговата кариера. Претходно ја водеше Брера, каде што во текот на 2025 година беше на клупата на вкупно 24 натпревари.

Покрај клупските обврски, Алаѓозовски во моментов е дел и од стручниот штаб на младинските селекции на Македонија, каде што активно учествува во развојот на младите фудбалски таленти.

Струмичани минатата сезона ја завршија на петтото место во Втората македонска фудбалска лига, а амбициите на клубот остануваат високи. Раководството очекува Беласица да биде сериозен кандидат во трката за промоција и враќање во елитното друштво на македонскиот фудбал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×