Барселона убедливо слави во Севиља и профитира од ремито во мадридското дерби! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Барселона дефинитивно е „победник“ во 23. коло на Ла Лига, откако си ја заврши својата задача и слави убедливо на гостувањето кај Севиља со 1-4 (1-1).

Со оваа победа Барса го искористи ремито на главните претенденти за трофејот, Реал и Атлетико кои одиграа 1-1. Се приближи каталонскиот гигант на бод зад второпласираниот Атлетико и два зад лидерот Реал на првенствената табела.

Околу средбата на „Рамон Санчез Писхуан“, започна со два брзи гола. Роберт Левандовски донесе каталонско водство, а веќе во следната минута Варгас израмни (1-1). До полувремето немаше резултатски промени, за потоа да има интересен старт на второто.

Фермин Лопез влезе во игра на местото на Гави и уште во првата минута погоди за 1-2. Во 55. минута Рафиња зголени на 1-3, но тогаш Лопез направи глупост и доби директен црвен картон поради опасен старт.

До крајот Севиља притискаше, но не даде гол и беше казнета преку Ерик Гарсија кој во 89. минута ги постави конечните 1-4.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани