Барселона пронајде ново „чудо од дете“: Може да се засили со Бразилец кој многу ветува! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Каталонскиот гигант Барселона е блиску до ангажман на едно од најперспективните имиња во јужноамериканскиот фудбал. Според шпанската „Марка“, клубот е во напредна фаза од преговорите со бразилскиот Спорт Рецифе за трансферот на тинејџерот Зе Лукас.

Станува збор за 17-годишен дефанзивен играч за врска кој оваа сезона го забележа својот деби настап за сениорскиот тим на Спорт Ресифе и досега има 432 минути на теренот во рамки на осум првенствени натпревари.

Добрата форма на Лукас не остана незабележана, освен Барса, за него интерес покажале и други европски клубови, но токму шпанскиот гигант подолго време внимателно го следи неговиот развој. Младиот Бразилец беше капитен на репрезентацијата до 17 години која триумфираше на јужноамериканскиот шампионат, каде одигра клучна улога.

Според проценката на трансфер пазарот неговата вредност изнесува околу три милиони евра. Иако природно е поставен како „шестка“, Зе Лукас покажал дека успешно се снаоѓа и како централен и десен офанзивец. Со своите 188 сантиметри висина, техничка прецизност и мирно додавање, веќе ги добива првите споредби со модерните „плејмејкери“.

Зе Лукас има важечки договор со Спорт Ресифе до 2028 година, но сè погласни се најавите дека наскоро ќе ги спакува куферите и ќе замине кон Европа, каде Барселона го гледа како потенцијално големо засилување за иднината.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×