Во изминатите денови во центарот на фудбалската јавнот е ситуацијата со Нико Вилијамс кој се очекува кариерата да ја продолжи во редовите на Барселона.
Каталонскиот гигант ги договори сите услови со фудбалерот, а според полседните информации на „Мундо Депортиво“ шпанскиот гигант ќе ја плати откупната клазула во неговиот договор која изнесува 58 милиони евра.
Сепак, Барселона тоа нема да го направи пред 1 јули. Причината е со цел сумата од трансферот да влезе во наредната финансиска година која започнува во јули.
Во Барселона сакаат да го обезбедат потписот на Вилијамс пред почетокот на подготовките во претсезоната кој е закажан од 13 јули и планот е шпанскиот репрезентативец тогаш да биде на располагање на тренерот Флик.
Исто така се наведува и дека Барселона преговара со Атлетик за да се обиде да договори сумата да биде исплатена на рати.