Барселона најголем фаворит: Суперкомпјутерот ги пресмета шансите на сите екипи во ЛШ

by Стефан
1 минути читање

Вечерва со реванш натпреварите од четвртфиналето продолжуваат возбудувањата во Лигата на шампионите, а во нив ќе се сретнат Буросија Дортмунд против Барселона (0-4) и Астон Вила против ПСЖ (1-3).

Пред почетокот суперкомпјутерот на „Опта“ ги пресмета шансите на сите екипи уечсници во оваа фаза. Сосема очекувано Борусија Дортмунд по тешкиот пораз во првиот натпревар има само 0.6% шанси за следна фаза, додека за финале процентот е уште помал 0.1 Барселона има 99.4 шанси за полуфинале и 54.4 за место во финалето, како и 28.2% за освојување на титулата.

Според ова каталонскиот гигант е и најголем фаворит.

Во вториот натпревар Пари Сен Жермен има 91.5% шанси да ја оправда фаворитската улога против Астон Вила 45.9 за финале и 23.9 за осовјување на титулата.

Кога се утрешните натпревари во прашање, Арсенал има високи 91.7% шанси за полуфинале против Реал поради победата од 3-0. во првиот натпревар, 47.6 за финале и 24.5 за освојување на титулата.

Реал Мадрид од друга страна е само на 8.9 шанси за место во топ четири, 3.8 за финале и 1.5 да стигне до титулата европски шампион.

Интер кој го совлада Баерн со 2-1 во првиот натпревар има 71.9 за полуфинале, 35, за финале и 16% за трофејот. Баерн од друга страна е со бројки од 28.1 за полуфинале, 10.2 за полуфинале и 4.1 за освојување на титулата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани