Барселона конечно се расчисти со Меси, му ја исплати и последната рата од долгот

by riste
1 минути читање

Лео Меси ја напушти Барселона во 2021 година, но каталонскиот клуб дури четири години подоцна му ги исплати долговите.

Барселона исплати 16 милиони евра кон фудбалерите и тренерите кои во декември 2020 година се согласија на одложена исплата поради финансиските проблеми со кои се соочуваше клубот.

Од тие 16 милиони евра, 5,95 ќе отидат на сметката на Меси. Тоа е последната рата од големиот долг кој го имаше клубот кон него.

Парите се одобрени од клубот, а средствата треба да им легнат утре, во првиот работен ден од новата седмица.

Барселона веќе некое време се обидува да ги реши финансиските проблеми, па освен тековните трошења кои мора да ги има, исплаќа и стари долгови кон фудбалерите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×