Барселона ја одреди цената за Кутињо, три клубови се опција за Бразилецот

by
1 минути читање

Кутињо не се покажа во светлото во кое очекуваше Барселона, но тие не планираат да се откажат лесно и да загубат на негов трансфер.

Шпанскиот весник „Спорт“ пишува дека Барселона сака 130 милиони евра од тој што ќе го го купи Кутињо, но кој би сакал да плати таква сума за играч кој нема солидна сезона.

ПСЖ е првата опција за Кутињо, тоа е клубот кој покажа дека не штеди кога ќе посака некој играч, често плаќа повеќе од што треба, а со купувањето на Нејмар го смени целиот фудбалски пазар.

Тие би платиле 130 милиони евра за Кутињо, но веројатно трансферот би се реализирал ако продадат некој од своите важни фудбалери.

Челси се споменува како втора опција, само има еден голем проблем, лондонскиот клуб не смее да прави трансфери во наредните два преодни рока. Ако по некоја жалба им се одложи суспензијата тие може да го купат Кутињо доколку Азар замине во Реал Мадрид како што се најавува.

Како трета опција се посочува Манчестер јунајтед кој би сакал да го засили тој дел од теренот, веројатно тие би се откажале од Алексис Санчез кој игра под сите очекувања, а можно е да си замине и Хуан Мата по крајот на сезоната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани