138
Барселона испрати
понуда вредна 45 милиони евра, а во истата го вметна и Малком за офанзивецот на
Челси, Вилијан, според неофицијалните информации кои пристигнуваат.
Сепак, Челси
категорично ја одбил понудата, а Каталонците очајно го посакуваат Бразилецот во
своите редови, тие имаа обиди во летниот преоден рок, но истите беа неуспешни,
се шпекулираше дека Барселона дури имала и понуда од 60 милиони евра во летото,
која исто така била одбиена.
Овој пат,
Каталонците се решија во пакет да го понудат и Малком кој за 41 милион евра во летниот
преоден рок потпиша за тимот од Камп Ноу, но, не успеа да се адаптира во таа
екипа.