Oд славната „Ла Масија“ на Барселона можеби се појавува нов талент кој би доминирал во иднина на фудбалските терени. Вниманието сега го привлече Хуго Голдеано.
Станува збор за само 11-годишно момче кое веќе ги воодушевува скаутите на најголемите европски клубови. На социјалните мрежи кружат видеа од неговите маестрални дриблинзи и потези со кои им прави големи проблеми на противничките фудбалери.
Голдеано важи за еден од најголемите таленти во Барселона, а дополнително го привлече вниманието во март на турнирот „Ла Лига Фјучерс“ во Брунете.
Интересно е што младиот фудбалер доаѓа од фудбалско семејство, негов татко е поранешниот фудбалер од средниот ред на Малага, Апонио, кој во кариерата одигра 140 натпревари во Ла Лига.