Барселона договорила трансфер на Жоао Феликс, но…

by
1 минути читање

Жоао Феликс минатиот месец се пресели на позајмица во Челси и со само неколку натпревари успеа да ги убеди „сините“ дека заслужува перманентен престој на Стемфорд Бриџ.

Челси ќе се обиде да договори трансфер со Атлетико Мадрид, но Барса може да им ги помати сметките.

Како што пренесува АС, „каталонците“ во јануари 2022 имале договорено трансфер на Жоао Феликс вреден 70 милиони евра, кој можел да достигне сума од 135 милиони евра преку најразлични бонуси.

Сепак, зделката не можела да се реализира поради правилата за Финансиски фер-плеј и ограничувањата кои Ла Лига им ги постави на клубот од Камп Ноу.

АС додава дека Жоао Феликс и понатаму е дел од листата со желби на Жоан Лапорта, и доколку Ансу Фати летоска го напушти клубот, Португалецот ќе биде еден од кандидатите за засилување на офанзивата.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×