Атлетико Мадрид ќе ја дочека Барселона на „Ванда Метрополитано“ во реваншот од четвртфиналето во Лига на шампиони, а во пресрет на дуелот пристигна и одлуката од УЕФА по жалбата на каталонците.
Контроверзен момент се случи на првиот натпревар кога Атлетико имаше водство од 2-0, а при едно изведување на гол-аут, дефанзивец на домашниот тим играше со рака пред да го изведе прекинот. Од Барселона сметаа дека станува збор за прекршок за најстрога казна, но судијата тогаш не покажа на белата точка.
По поднесениот приговор, Дисциплинската комисија на УЕФА направи анализа и донесе конечна одлука дека немало неправилности во таа ситуација.
„Барселона поднесе приговор на судиските одлуки во првиот натпревар. Дисциплинската комисија утврди дека немало никакви неправилности“, соопштија од УЕФА.
Реваншот меѓу Атлетико и Барселона се игра вечерва со почеток од 21 часот, кога ќе биде познат и патникот во полуфиналето.