70
Нема опуштање кај
„Каталонците“, избраниците на Валверде стигнаа до рутинска победа над Леванте
во првиот натпревар од Примера во 2018.
Својот 400.
настап во најсилното првенство на Шпанија, Лео Меси го одбележа со гол.
Аргентинецот прецизно биеше во 12. минута и донесе 1-0 за Барса.
Луис Суарез потоа
со прекрасен полу-волеј донесе 2-0 во 38. минута, а конечниот резултат беше
дело на Пуалињо во судиското надополнување.
Нашиот Енис Барди
поради суспензија ја пропушти пресметката на Камп Ноу.