Барса загуби на суд, фудбалерот кој одигра само 17 минути ќе добие 8,5 милиони евра како обесштетување!

by
1 минути читање

Матеуш Фернандеш
е едно од најчудните засилувања на Барселона во последните години.

Бразилецот беше
купен во јануари 2020 во зделка вредна 7+3 милиони евра, не беше презентиран
како ново засилување и веднаш беше испратен на позајмица во Ваљадолид.

Во сезоната
2020/21 беше дел од тимот на „каталонците“ но одигра само 17 минути против
Динамо Киев во Лигата на шампиони.

Летото во 2021
година, Жоан Лапорта и неговите соработници се обидоа да му најдат нов клуб, а
откако не успеаја во намерата, му го раскинаа договорот за да ја намалат
сметката за плати.

Бразилецот ја
даде Барса на суд, и сега пристигнуваат информации дека судот пресудил во
корист на фудбалерот и „каталонците“ ќе треба да платат 8,5 милиони евра.

И покрај тоа што
сумата е неверојатна ако во предвид се земе фактот дека Матеуш Фернандеш одигра
само 17 минути во дресот на Барса, слободно може да се каже дека „каталонците“ поминаа
добро бидејќи некој на Камп Ноу бил прилично великодишен и на играчот му дал
договор до 2025 со плата од 5 милиони евра по сезона.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×