Барса со дефанзивен стил го најде лекот за Реал, победа во првото полуфинале (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Првото Ел Класико од полуфиналето на шпанскиот куп ѝ припадна на Барселона која заслужено дојде до триумф од 1-0. Реал Мадрид не упати ниту еден шут во рамките од голот на Тер Штеген.

Чави и покрај тоа што имаше проблеми со кроење на стартниот тим поради повредени фудбалери, сепак неговиот тим извојува победа на гости кај најголемиот ривал.

Клучниот момент се случи во 26. минута кога Кеси шутна, но Милитао си постигна автогол за водство на Барселона од 1-0, што на крајот се покажа и како конечен резултат.

Во продолжението од мечот Реал Мадрид имаше иницијатива, но сето тоа беше јалово, не создаде ниту една сериозна шанса.

По оваа победа шансите на Барселона за пласман во финалето значително се зголемија, Реал Мадрид ќе мора да брка победа на реваншот на Камп Ноу.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×