Барса се налути по „корпата“ од Нико Вилијамс: Никогаш повеќе нема да се обиде да го ангажира напаѓачот!

by bojan
1 минути читање

Медиумите блиски до Барселона пренесуваат дека Жоан Лапорта и неговите соработници многу се налутиле кого дознале дека Нико Вилијамс потпишал нов договор со Атлетик Билбао, па никогаш повеќе нема да се обидат да го ангажираат напаѓачот.

Со денови Нико Вилијасм се најавуваше како ново засилување на „каталонците“, се очекуваше на почетокот од јули месец да биде активираната неговата откупна клаузула и тој да стане второто ново име за Ханси Флик ова лето.

Но Шпанецот денеска и даде нова „корпа“ на Барселона, стави потпис на десетгодишен договор со Атлетик Билбао.

Па Жаон Лапорта и неговите соработници се бесни по ваквиот развој на настаните и се многу лути откако за новиот договор на Нико Вилијамс дознале од медиумите.

Вчера биле во контакт со агентот на играчот, во ниту еден момент не било спомнато дека Нико Вилијамс останува во Атлетико и пораките биле дека ќе чекаат една недела за Барса да најде решение за тоа како да го регистрира играчот.

„Каталонците“ сметаат дека Нико Вилијамс покажал големо непочитување, па никогаш повеќе нема да се обидат да го ангажираат напаѓачот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×