„Каталонците“ за
следната сезона веќе донесоа големо засилување, Френки Де Јонг од Ајакс ќе
треба да го подмлади средниот ред. Лидерите на клубот исто така работат и на
ангажман на нов напаѓач, кој ќе треба да го одмори Луис Суарез но и да го
замени во иднина со оглед на тоа дека Уругваецот има 32 години.
Барса се
поврзуваше со неколку имиња а според последните информации, изборот паднал на
Лука Јовиќ. Според пишувањата на весникот „Франкфуртер Алгемајне“, шампионот на
Шпанија си подал рака со агентот на 21 годишниот Србин и двете страни
постигнале согласност за платата на голгетерот.
Сега останува
Барселона да се договори и со Ајнтрахт Франкфурт за висината на
обесштетувањето. „Франкфуртер Алгемајне“ додава дека на адреса на „Орлите“ се
уште нема пристигнато конкретна понуда.
Со 14 погодоци
зад своето име, Лука Јовиќ во моментов е прв стрелец во Бундеслигата, и со одличните
партии го привлече вниманието на многу клубови помеѓу кои Реал Мадрид и
Баерн Минхен, па се шпекулира дека трансферот на Србинот може да чини и до 50-60 милиони евра.