Напаѓачот на Еспањол, Роберто Фернандез е едно од пријатните изненадувања на почетокот од новата сезона, добрите настапи му донесоа деби во репрезентацијата на Шпанија, а со тоа неговата цена скокна на 30 милиони евра.
По триумфот на Светското првенство, Луис де ла Фуенте со проверени сили тргна во Лигата на нации, направи само неколку промени, а еден од новајлиите беше Роберто Фернандез.
24 годишниот напаѓач на Еспањол одлично ја отвори новата сезона во Ла Лига, постигна шест погодоци на седум натпревари, па сосема заслужено се најде на списокот на селекторот на Шпанија, и доби шанса на натпреварот против Чешка.
Со дебито во дресот на „црвената фурија“, во неговиот договор се активираше откупна клаузула која вреди 30 милиони евра.
Интересно, Роберто Фернандез во сезоната 2022/23 играше на позајмица во вториот тим на Барселона, „каталонците“ имаа опција во целост да го купат за 1 милион евра, но тогаш решија дека ова не е добра инвестиција.
ФОТО: X/Selección Española Masculina de Fútbol