Барса имала добра причина зошто не ја откри откупната клаузула на Араухо

by bojan
1 минути читање
Араухо

Медиумите од Шпанија откриваат дека откупната клаузула на Роналд Араухо на почетокот од летниот преоден рок ќе падне на само 65 милиони евра, но ќе биде валидна само 10 милиони евра.

Во јануари имаше многу гласини за заминување на Роналд Араухо од Барселона, но потоа се случи пресврт и дефанзивецот стави потпис на нов договор.

„Каталонците“ сепак не открија детали за откупната клаузула, која претходно беше поставена на 1 милијарда евра.

Како што пренесува Кадена СЕР, имало добра причина за ова.

Нивните извори од Камп Ноу велат дека на почетокот од летниот преоден рок, откупната клаузула во договорот на Роналд Араухо ќе падне на само 65 милиони евра.

Оваа клаузула ќе биде валидна само 10 дена, па доколку некој клуб сака да го ангажира Уругваецот, ќе треба да реагира брзо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани