Барса ги победи ПСЖ и Сити за потписот на Де Јонг, ама ќе плати тројно повеќе од она што го нудеше пред шест месеци

by
2 минути читање

„Каталонците“
уште во јуни месец го идентификуваа младиот Френки Де Јонг како идеален играч
за подмладување на средниот ред. Лидерите на Барса стапија во контакт со
колегите од Ајакс, најпрво им понудија 30 а потоа и 35 милиони евра, како и да
го остават играчот уште една година во Амстердам на позајмица.

Но Ајакс знаеше
дека во своите редови има бисер па експресно го одби предлогот на шампионот на
Шпанија. До крајот на
летото во трката се пуштија и ПСЖ, Манчестер Сити, Баерн Минхен, Реал Мадрид и
Јувентус и цената на Френки Де Јонг веднаш рипна.

Ајакс бараше 75 милиони
евра
, па на крајот во
конкуренција останаа само Барса, ПСЖ и Сити, и минатата недела се појавија
гласини дека играчот ги одбрал „Светците“ иако имал вербален договор со Барса 
и дал збор
дека ќе се пресели на Камп Ноу.

И покрај тоа што
се чувствуваа изневерени, „каталонците“ не се предадоа без борба па во
Амстердам отпатуваа сите важни „фаци“, претседателот Жозеп Мариа Бартомеу, спортскиот директор Пеп Сегура, теничкиот секретар Ерик Абидал и неговиот
заменик Рамон Планес.

Ваквата офанзива
се исплатеше, вчера Радио Каталуња пренесе дека работата е завршина и Барса ја
добила битката за потписот на Де Јонг, а истото утрово го потврди и холандскиот
весник Де Телграф. Агентот на играчот, Али Дурсун им се јавил на ПСЖ и Сити и
ги известил дека неговиот клиент ја одбрал Барса.

Сепак, сумата која
ќе ја плати Барселона сега е дури тројно поголема од она што го нудеше пред шест
месеци, медиумите шпекулираат со бројка од дури 90 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани