Откако Севиља и
Еспањол вчера испратија соопштенија и побараа што поскоро да се расчисти
скандалот во кој беше вмешана Барселона, денеска Ла Лига излезе со заедничко
соопштение зад кое стојат сите клубови во првата и втората лига, освен два
клуба.
Едниот од
клубовите е самата Барселона, а интересно, вториот клуб е лутиот ривал Реал
Мадрид.
Во соопштението
се вели дека сите клубови изразуваат длабока загриженост и сметаат дека
„случајот Негреира“ е екстремно сериозен. Ла Лига напорно работи за да се утврди
дали имало одредени нерегуларност, без разлика дали тие се од спорткса природа
или пак некаква друга.
Ла Лига исто така
порача дека ќе делува цврсто во рамките на надлежностите и лимитите поставени
од законите.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.