Барди влезе и одма даде гол, Македонецот потоа уште еднаш ја тресеше мрежата на Анталијаспор (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Енис Барди против
Копенхаген во плеј-офот за Лигата на шампиони дебитираше во дресот на
Трабзонспор а вечерва ги одигра и првите минути во првенството на Турција.

Македонецот мечот
против Анталијаспор го започна од клупата, но откако шанса доби во 43. минута,
веднаш се запиша во листата на стрелците.

Длабоко во
судиското надополнување на првиот дел, Енис Барди доби топка на 11 метри и ја
затресе мрежата на домаќините и намали на 2-1.

Во 73. минута,
Енис Барди по втор пат го матираше голманот на Анталијаспор и со прецизен удар
по земја од врвот на шеснаесетникот донесе 2-2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×