283
Енис Барди
вечерва дебитираше во првенството на Турција и се претстави со два погодока,
кои за жал не беа доволни за Трабзонспор да се спаси од пораз.
Македонецот влезе
во игра во 43. минута од мечот, успеа да донесе реми од 2-2, но неговиот тим
потфрли во завршницата и на крајот загуби со убедливи 5-2.
„Го одиграв мојот
прв натпревар во Суперлига, среќен сум што веднаш постигнав гол, но за жал не
успеавме да победиме. Жалам за поразот, но првенството се уште е на почеток.
Потребно е да извлечеме поуки од овој натпревар. Вложивме многу труд во второто
полувреме, но не го очекувавме овој резултат“ – рече Енис Барди по крајот на
натпреварот.