Според информациите на турски медиуми, Трабзон ептен се загреал за Адеми, па наводно веќе почнал разговори со Пекинг за да го земе бескомпромисниот борец и тоа после само три месеци откако доскорешниот капитен на Динамо Загреб замина на печалба во најмногубројната земја на светот и веќе има гол и асистенција по стартот на новата сезона во кинеската елита.
Причина зашто толку Трабзон е загреан за 32-годишниот Адеми е тренерот Ненад Бјелица, кој одлично го познава македонскиот репрезентативец, заедно соработуваа во Динамо, но прашање е колку е реален ваков трансфер, а најавите на турските медиуми во последниве години особено кога станува збор за македонски фудбалери, (нај)често излегувале како чисти шпекулации.
Нејасно е како Трабзон планира да го убеди Адеми, а и Пекинг во ситуација кога најавата од Црното Море е кратење на буџетот за 30 отсто и поради тоа планираат да ги продадат Барди и Марк Бартра, како едни од најплатените фудбалери во тимот. Настрана што колку е (не)релано Пекинг после само три месеци да се откаже од својата сериозна инвестиција.
„Фотомак“ објави дека Трабзон понудил да го земе Адеми на едногодишен заем со опција за опција за откуп идното лето, ама тешко за верување дека ваквата опција е изводлива.
Адеми е рекордер на Динамо и зад себе има 41 гол и 30 асистенции во 359 меча во „модриот“ дрес.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.