Барди распали од слободен удар, Македонија повторно ја расплака Италија! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Енис Барди со мајсторија од слободен удар од 20 метри десет минути пред крајот го обезбеди новото реми, второ во четирите пресметки со „аѕурите“, за добар рестарт на македонската селекција после јунското фијаско и срамот во Англија.

Македонија безмалку цел меч беше во подредена позиција, Италија покажа повеќе, во првиот дел направи пет шанси, еднаш преку Сандро Тонали погоди дирек, еднаш Столе Димитриевски реагираше на удар на Чиро Имобиле, трипати ги изблокиравме Италијанците во последен момент, а само една голема шанса направивме која Бојан Миовски ја промаши со глава на центаршут на Езџјан Алиоски.

Само што почна вториот дел, „аѕурите“ преку Имобиле поведоа. И како да се задоволија со водството, сметајќи дека со доминацијата во играта ќе ја зачуваат предноста, ни дозволија многу повеќе простор, а последните пола час Македонија тргна поамбициозно, Елиф Елмас еднаш сериозно се закани со шут, а во завршницата Барди ги казни за помалку калкулантскиот пристап во последната третина од средбата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани