Македонија утре од 17 часот во Ереван против Ерменија ќе го почне претпоследниот квалификациски натпревар за СП, шансите за второто место се мали и не зависат од нас. Но наша задача е да победиме.
„Ние се фокусираме на нашата работа, не на нивната. Најважно е ние да се подготвиме најдобро што можеме и кога ќе бидеме на теренот да знаеме што правиме. Мора да бидеме заедно како никогаш досега и тоа треба да биде клучот за победа“, вели Барди.
„После Европсото сите очекуваат нешто големо да направиме, но треба да одиме од натпревар во натпревар. Со селлекторот се знаеме долго време, но имаме нови грачи, треба да бидеме трпеливи. Мислам дека Македонија покажа доста, играме за добри работи, не за 5-6 место“.