Барди неколку пати разговарал со Руни, но го одбил бидејќи сакал да игра во Лигата на шампиони

by
1 минути читање

Енис Барди синоќа
беше промовиран како нов играч на Трабзонспор, шампионот на Турција стигна до
потписот на Македонецот пред Олимпијакос и ДиСи Јунајтед.

Како што
пренесуваат медиумите од Турција, Енис Барди во неколку наврати разговарал со Вејн
Руни, легендата на Манчестер јунајтед инсистирал да го донесе фудбалерот во својот
тим.

Сепак, Енис Барди
ја одбил понудата да се пресели во МЛС бидејќи сакал да игра во Лигата на
шампиони.

Останува да се види дали желбата на Македонецот ќе биде исполнета, Трабзонспор има двомеч против Копенхаген за влез во групната фаза од најелитното европско натпреварување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани