Барди: Не ја губиме надежта, го сакаме тоа второ место бидејќи го заслужуваме

by
1 минути читање

Барди беше играч на мечот, во отсуство на Стефан Ристовски тој ја носеше капитенската лента и тоа го оправда со три постигнати гола.

„Фала му на Бога што дојдовме до една победа која долго ја чекавме. И претходните натпревари ги одигравме многу добро. За мене сите се капитени, сите сме одговорни, лентата секако ми беше мотивација, горд сум што сум дел од капитените на оваа репрезентација, како Горан Пандев и останатите. Само вака да продолжиме, тоа е најважно“, изјави Барди по мечот.

„Денеска одигравме како тим. Имавме делови во кои требаше да се браниме, но знаевме дека треба да бидеме мирни и дека ќе дојдат нашите шанси. Среќни сме за оваа победа, сега треба да мислиме на Исланд, победа на тој меч е нашата следна цел“.

„Дел од нас долго време го познаваме Милевски, ни беше селектор и во младинската репрезентација, знаеме како човек е, знаеме каков карактер е, а тој самиот покажува каков селектор е“.

„Никогаш не треба да се предаваме, не ја губиме надежта, го сакаме тоа второ место бидејќи мислиме дека го заслужуваме“.

„Пресреќен сум што постигнав хет-трик, не знам како да го опишам тоа со зборови, сакам само да продолжиме со вакви игри“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани