Барди: Кога си среќен, тоа се гледа на теренот!

by
2 минути читање

Често се шпекулираше со заминување на Барди, но хрватскиот стратег Ненад Бјелица реши да го остави во тимот верувајќи дека оваа сезона ќе блесне.

„Барди даде два гола и тој беше архитектот на овој тим. Ваков Барди ни треба, нам секогаш ни требаше Енис во оваа форма“, рече Бјелца, по вчерашниот меч.

Барди рече дека е среќен и тоа е клучот за формата.

„Оваа сезона ја почнав многу добро за разлика од минатата, а бев тажен што не можев(ме) да го покажеме тоа на нашите навивачи. Човек кога е среќен, тогаш тоа се гледа на теренот. И јас сакам со моите настапи сега да му се оддолжам на тренерот за сета доверба која ја има во мене. Денеска покажавме колку добра екипа сме, а некогаш кога сами си создавате преголем притисок на теренот не одат работите најдобро, но вечерва покажавме што знаеме и што можеме, а кога падна првиот гол, се потоа беше полесно“, реча Барди.

@2024 – Сите права задржани