191
ФК Копенхаген имаше водство од 2-0 кога во 58. минута во игра влезе Енис Барди. 20 минути подоцна Трабзонспор успеа да го намали резултатот на 2-1 што беше и конечен исход на мечот.
Ова беа првите минути на Енис Барди во дресот на Трабзонспор.
Турскиот тим се враќа со активен резултат, ќе биде жестока атмосферата на реваншот.
Стефан Ристовски и Аријан Адеми одиграа по 90 минути за Динамо Загреб кој со 1-0 загуби на гостувањето кај Бодо/Глимт.
Во третиот денешен меч од плејофот за влез во Лигата на шампионите, Глазгов Ренџерс и ПСВ Ајндховен одиграа нерешено 2-2.