Педро Нето можеше да бира меѓу Сити и Арсенал, но договори трансфер кој никој не го очекуваше

by bojan
1 минути читање

Фудбалерот на Челси, Педро Нето е на радарот на Манчестер Сити и Арсенал, но последните информации велат дека тој договорил изненадувачки трансфер во Саудиска Арабија и веќе кажал ДА на Ал Хилал.

Педро Нето се посочуваше како една од ѕвездите на Челси кои би можеле да заминат до крајот на овој месец доколку на адреса на „сините“ пристигне примамлива понуда.

Манчестер Сити и Арсенал се посочуваа како клубовите кои внимателно ја следат ситуацијата и се подготвени да достават понуда.

Но последните информации велат дека Португалецот договорил изненадувачки трансфер, и наместо најдобрите два клуба од Премиерлигата, одбрал преселба во Саудиска Арабија.

Педро Нето веќе кажал ДА на Ал Хилал, ги договорил личните услови, и сега се чека клубот од Ријад да пронајде дил и со Челси.

Се шпекулира дека понуда од околу 60 милиони евра ќе биде доволна за трансфер, односно сумата која Челси ја плати на Вулверхемптон пред две години.

ФОТО: X/Chelsea FC

Можно е и ова да ти се допаѓа

×