Како Мурињо го „купил“ Диоманде: Ми се јави во 5 часот наутро…

by bojan
1 минути читање

Јан Диоманде открива дека Жозе Мурињо му се јавил во 5 часот наутро за да му го објасни проектот на Реал Мадрид, и додава дека е подготвен да изгине на терен за „специјалниот“.

Јан Диоманде ова лето се поврзуваше со трансфер во Ливерпул и ПСЖ, но на двата клуба им се виде превисока цената од 100+ милиони евра за негов ангажман.

Потоа на сцена стапи Реал Мадрид, кој за брзо време се договори со играчот, а потоа си подаде рака и со РБ Лајпциг за зделка вредна околу 140 милиони евра сосе бонуси.

Па Јан Диоманде, кој во сезоната 2024/25 играше во втората шпанска лига, сега стана најскапиот трансфер во историјата на „кралевите“.

Репрезентативецот на БСК во интервју за „Спорти ТВ“ откри дека не можел да спие кога добил повик од Реал Мадрид, и раскажа како Жозе Мурињо го „купил“ со повик во 5 часот наутро.

„Беше како сон, бидејќи нема поголем клуб од Реал. Од моментот кога дознав, не можев да заспијам, едноставно не ми се веруваше. Прво разговарав со директорот Жуни (Калафат), а потоа и со тренерот (Мурињо)“ – вели Јан Диоманде.

„Се изненадив кога сфатив дека зборува француски. Мурињо стана во 5 часот наутро само за да разговара со мене. Тоа ми покажа колку сум важен за него. Кога Реал Мадрид ќе те повика, едноставно не можеш да кажеш не, па си реков, „Ако ме сакаат, одам таму!““

Тој потоа додаде: „Можам многу да научам од Мурињо и верувам дека тој е вистинскиот тренер за мојот понатамошен развој. Подготвен сум да изгинам на теренот за него!“

ФОТО: X/Real Madrid C.F.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×