Барди: Ако ја победиме и Португалија, дајте ни го пехарот, не мора да одиме на Светско!

by
1 минути читање

Македонија во квалификациите ја победи Германија на нејзин терен, сега триумфираше над Европскиот шампион Италија во Палермо, а следен предизвик ни е претходниот Европски шампион, селекцијата на Португалија со која играме во Порто.

Барди вели дека ако ја победиме и Португалија на нејзин терен, не ни мора да играме на Светско, нека ни го дадат пехарот одма, бидејќи најсилните ги победиме.

„Немавме среќа при ждрепката, се паднавме во најтешката група, но ние сме горд тим кој верува во тоа што го прави. Да ја победиш Италија на нејзин терен е неверојатно, а сега играме против Португалија на нивен терен, знаеме дека ќе биде тешко но веруваме дека можеме да победиме. Фудбал е, се игра 90 минути и се може да се случи. Па, ако ја победиме и Португалија, нека ни го дадат пехарот и да си одиме дома. Нема потреба да одиме на Светското првенство во Катар“, се пошегува Барди.

Мечот меѓу Португалија и Македонија се игра во вторник од 20:45 часот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×