Тимуие Бакајоко
во моментов игра клучна улога во средниот ред на Милан, иако во Милано беше
дочекан со доза на скептицизам кај навивачите, сепак, 24 годишниот Французин се
покажа во одлично светло во дресот на Росонерите, барем засега.
„Мислам дека
навивачите го сменија мислењето за мене, среќен сум поради тоа“ порача тој во
интервјуто за Милан ТВ.
„Среќен сум,
тимот игра одлично, имаме голем позитивен развој во играта, мислам дека на
последните три или четири меча нашите противници не упеаа да постигнат гол
против нас и мислам дека работите се движат во позитивен правец“ рече Бакајоко
а потоа се спореди со легендарниот Патрик Виеира.
„Мислам дека
најмногу наликувам со Виера, тој е висок, беше многу силен и имаше одлични
технички карактеристики во играта, мислам дека најмногу наликувам на него како
фудбалер“ издвои Бакајоко.
Бакајоко до јуни
ќе настапува како позајмен фудбалер во редовите на Милан, а Италијанците имаат
можност да го откупат неговиот договор со Челси кој има важност до 2022.
година.