Бајрами: Црвениот картон ни ги наруши плановите, сакавме да победиме

by
1 минути читање

Македонија одигра сосема рамноправно прво полувреме против фаворизираната ЦСКА Софија, но пред самиот крај на првото полувреме Матеус доби престрог втор жолт картон и беше исклучен. Во вториот дел нашиот тим се повлече, но имаше шанси од контра напади и прекини.

Патникот во следното коло ќе се решава во Софија за седум дена. Бајрами е задоволен од тоа што го покажаа неговите фудбалери, иако потенцира дека со црвен картон тешко се игра.

„Македонија ЃП покажа борбеност, организација и покажавме дека сме спремни за вакви натпревари. Одигравме многу агресивни и добри 45 минути, покажавме дека можеме да се носиме со големи екипи и можам да кажам дека во првиот дел бевме подобар ривал. Црвениот картон ги наруши нашите планови, тешко е со играч помалку. Целевме да ги задржиме почетните 0-0, задоволен сум од прикажаното и резултатот на крајот. Моите момци излегоа во вториот дел и одиграа како што треба. Нашата цел ја исполнивме, а можевме и да победиме“, изјави Бајрами.

Фото: Македонија ЃП

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани