Баерн Минхен продолжи со добрите настапи во Бундеслигата и запиша победа над Холштајн Кил со 4:3.
Џамал Мусиала го отвори резултатот по 19 минути игра, додека Хари Кејн во завршницата од првиот дел се погрижи за 2-0.
Само што започна второто полувреме по една минута игра, Кејн постигна и втор гол за веќе високи 3-0, а за 4-0 се погрижи Серж Гнабри во 54.Преку Порат по половина час игра гостите намалија на 4-1 за потоа во финшот да блеска Скрибски кој постигна два гола во 91. и 93. минута, но за нешто повеќе време немаше.
Победа денеска по пауза од четири натпревари забележа и Борусија Дортмунд со 2:1 против Хајденхајм.
Гостински победи забележаа Фрајбург против Бохум (0-1) и Штутгарт против Менхегладбах (1-2), а немаше победник на средбата Сент Паули Аугусбург.