Баерн му подготвува историска казна на Нојер

by
1 минути читање

Односите помеѓу
Мануел Нојер и раководството на Баерн се заладени откако голманот на скијање ја
скрши ногата и ќе го пропушти вториот дел од сезоната.

Потоа следуваше
нов конфликт откако отказ доби тренерот на голманите, Тони Тапаловиќ, кој важеше
за човек од доверба и пријател на Мануел Нојер.

Голманот минатата
недела имаше емотивно интервју во кое ја критикуваше одлуката и рече: „За мене
ова е голем удар, и тоа додека сум паднат долу на земја. Како да ми го откорнаа
срцето. Ова е најбруталната работа која сум ја искусил во кариерата а имам
искусено многу“.

„Одлуката беше
како гром од ведро небо, не ја разбирам. Тони беше тимски играч, не работеше лично
за мене, туку за целата група голмани, за тренерскиот персонал и за клубот“.

Како што
пренесува Билд, по интервјуто, Мануел Нојар отворил дијалог со Јулијан
Нагелсман со цел да се надминат недоразбирањата и двајцата се помириле.

Сепак, Баерн
Минхен нема да му прости на Мануел Нојер за новиот испад и размислува да го
казни со една месечна плата или околу 1,6 милиони евра.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани