59
Баерн Минхен е пред договор со Мануел Ноер за продолжување на соработката до јуни 2027 година, пренесуваат германските медиуми.
Искусниот голман и понатаму има доверба од клубот, а официјалната потврда се очекува наскоро. Паралелно, поголема шанса ќе добива и младиот Јонас Урбиг, кој постепено треба да презема поголема улога.
Ноер е дел од Баерн од 2011 година, кога пристигна од Шалке 04, и зад себе има богата колекција на трофеи, вклучувајќи титули во Бундеслига и Лига на шампиони.