Баена сепак ќе го тужи Валверде

by
1 минути читање

Бидејќи ова се случило пред стадионот и веднаш по натпреварот, Виљареал имаше право и да го пријави инцидентот, меѓутоа реши да не прави такво нешто и тој не влезе официјално во извештајот од мечот. Тоа, автоматски, значи дека настанот не е поврзан со мечот и не се исполнети предуслови Ла Лига да спроведе истрага, која би донела забрана за Валверде и до 12 натпревари.

Првично и Баена се изјаснил, преку изјави за локалните медиуми, дека нема да презема понатамошна акција, но сега се пишманил и решил, сепак, да го тужи Валверде. Ова го соопшти клубот со соопштение доцна синоќа.

„Фудбалерот на Виљареал, Алекс Баена, беше нападнат синоќа, на пат кон тимскиот автобус, по мечот со Реал Мадрид, на ‘Стантјаго Бернабеу’. Уште еднаш, Виљареал е против секаков акт на насилство и цврсто верува во верзијата на својот играч и ќе го поддржува низ целиот процес“, велат од Виљареал.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×